Лукашенко: Белорусија нема потреба од руска база

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрлил како неточни тврдењата на домашната опозиција за тоа дека Русија ќе гради воена база на територијата на Белорусија.

Во изјава во Минск, што ја пренесуваат домашните медиуми, Лукашенко рекол дека земјата нема оотреба од руска база, како и дека таквото прашање „никогаш не е расправано со Русија“.

Западните медиуми минатата недела тврдеа дека рускиот претседател Владимир Путин и „наредил“ на владата во Москва да подготви договор со соседна Белорусија, околу изградба на база на нејзината територија.

Стотина демонстранти се собраа во неделата во центарот на Минск, на редок протест, против „планот„ да се изгради руска база.

„Ние (во Белорусија) немаме потреба од база.Слушам како опозицијата зборува за руска база, но јас за тоа не знам ништо„- рекол Лукашенко.

Според белорускиот претседател, на земјата и се потребни авиони, а не бази, затоа што има на располагање, како што рекол, голем број одлични пилоти.

„Зошто тогаш, би допуштил пилоти и авиони од други земји„- рекол за белоруските медиуми, претседателот Лукашенко.

Засега нема никаква реакција на официјална Москва, за ваквите коментари на белорускиот претседател.

На територијата на земјата, Русија од порано има радарска станица, која е сосема блиску до три земји членки на НАТО и до Украина.

Белорусија е силен сојузник на Русија и член на Економската унија на земјите од некогашниот Советски Сојуз, но властите во Минск и претседателот Лукашенко се однесуваат сосема неутрално кон украинскиот конфликт.

Изјавата на Лукашенко, со која се негира изградбата на руска воена база во Белорусија, доаѓа пред неделните претседателски избори, на кои се очекува тој уште еднаш да победи.

Александар Лукашенко е претседател на Белорусија уште од 1994 година.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск