Лукашенко: Белорусија ја засили безбедноста на сите граници

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека земјата ја зајакнала безбедноста на сите граници, освен со Русија, поради воени вежби на странски сили.

– Тие се обидоа да си играат со нашите нерви колку што разбирам. Во одреден момент, на тоа одговорив многу сериозно – на сите вежби во близина на границите на Белорусија и да бидам прецизен во близина на границите на Сојузот Русија и Белорусија, рече Лукашенко во интервју за рускиот портал Раша тудеј.

Тој рече дека не постои вистинска граница меѓу Русија и Белорусија, туку административен премин и оти морал да ја зајакне безбедноста на сите граници, вклучително и на онаа со Украина.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“