Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е уверен оти Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави.
Во Владивосток, на состанок со гувернерот на регионот Приморје, Олег Кожемјак, Лукашенко додаде дека постојат повремени стравови, околу тоа Белорусија да биде вклучена во Русија.
– Јас и Путин не сме толку глупави да користиме стари методи. Ние ќе изградиме такво единство на две независни држави, ќе учат од нас. Ќе учат! И како да се надминат санкциите и така натаму, истакна Лукашенко.
Извор: МИА