Лукашенко: Ако сакате мир, подгответе се за војна

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко  изјави дека неодамнешните воени маневри не биле насочени кон Украина. Тој ги отфрли обвинувањата за распоредување на белоруски вооружени сили на границата, нарекувајќи ги „теории на заговор“. Тој говореше на конференцијата  по повод крајот на вонредните воени инспекции одржани овој месец.

Тој рече дека не може да се исклучи можноста за „агресија“ врз Белорусија од неодредени „соседи“. „Ако сакате мир, подгответе се за војна“, додаде Лукашенко, велејќи дека неговите воени потези се ограничени на територијата на Белорусија и не му се закануваат на никој друг, пренесува Ројтерс.

Белорусија најави серија воени активности во последниве недели, вклучително и проверка на подготвеноста и прием на дополнителни руски војници во земјата. Маневрите ги поттикнаа шпекулациите на украинските власти дека Русија можеби планира нов напад врз Украина преку белоруска територија, како што тоа неуспешно го направи во првите денови од војната во Украина.

Во понеделникот, Лукашенко беше домаќин на рускиот претседател Владимир Путин во Минск, што беше ретка странска посета на руски лидер. Посетата ги поттикна стравувањата дека Путин ќе се обиде да ја убеди Белорусија да се приклучи на неговата воена кампања во Украина, нешто што Лукашенко досега одбиваше да го направи. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека извештаите за таквите планови се „неосновани“ и „глупави“.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски