Луис: Не може да го нарушиме единството на Обединетото Кралство поради Брегзит

Од:

Велика Британија не може да го прифати предлогот на главниот преговарач на Европската унија за Брегзит Мишел Барние, бидејќи тоа ќе го доведе во ризик единството на земјата со тоа што кон нејзината покраина Северна Ирска ќе се однесуваат поинаку, изјави претседавачот на владејачката британска Конзервативна партија, Брендон Луис.

– Не може да имаме договор кој го нарушува единството на Обединетото Кралство. Предлогот што вчера го соопшти Мишел Барние ќе ја доведе во прашање силата на Велика Британија. Владата нема да толерира нешто што го доведува во ризик единството на Обединетото Кралство, рече Луис.

Барние предложи Британија да може да ја напушти царинската унија со ЕУ по Брегзит, кој формално е закажан за 29 март, но Северна Ирска да остане во таа унија за да се спречат контролите на границата со Република Ирска.

 

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија