Луфтханза: Падот на авионот на „Џерман Вингс“ е најужасно нешто во историјата на нашата компанија

Од:

Одлуката на вториот пилот намерно да го урне авионот на нискобуџетната компанија „Џерман Вингс“ во француските Алпи е најужасен настан во историјата на нашата компанија, изјави денеска извршниот директор на компанијата мајка „Луфтханза“, пренесува ДПА.

Карстен Шпор изјави дека дејствијата на вториот пилот оставаат без збор, додавајќи дека по инцидентот не може ниту да замисли дека работите би можеле да бидат уште полоши.

Шпор потврди дека вториот пилот го пристинал копчето „заклучено“, кога капетенот сакал да се врати во пилотската кабина.

– Авионот располага со два кода за вратата. Едниот е нормален, а вториот за итни случаи, ако од внатре нема одговор на барањето за влез. Има еден супер код што може да биде внесен. Но, тоа може да биде спречено, ако лицето во кабината го притисне копчето „заклучено“ кога ќе ѕвони за влез во кабината, изјави Карстен Шпор.

Според Шпор или капетанот не го внел супер кодот, што е тешко веројатно, или тој го внел, но вратата била блокирана од внатре.

На прес-конференција во Келн Карстен Шпор истакна дека какви мерки за безбедност и да има една авиокомпанијата, колку и да се строги нејзините процедури, ништо не може да спречи таков изолиран акт. Според шефот на „Луфтханза“ дејствијата на пилотот не би можеле да бидат спречени од ниту еден систем во светот.

Шпор, нагласи, дека засега нема никакви индикации за мотивите на пилотот, кој го урна авионот со вкупно 150 лица во него во француските Алпи, на 100 километри северно од Ница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски