Лоран Фабиос демантира дека има банкарска сметка во Швајцарија

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиос го демантираше вчера написот, објавен во денешното издание на весникот „Либерасион“, според кој тој има банкарска сметка во Швајцарија. Тој најави судска разрешница на случајот.

– Официјално ги демантирам гласините, објавени од „Либерасион“ во изданието за понеделник, 8 април, според кои поседува сметка во Швајцарија. Овие гласини не се втемелени на никакви реални основи, нагласува Фабиос преку соопштение.

Тој истакна дека го ополномоштил својот адвокат да отпочне правна процедура, со која ќе се утврди вистинитоста на неговиот демант и ќе се „спречи ширењето на тие лажни и клеветнички информации“.

Францускиот весник на првата страница објави наслов „Случајот Каузак: Кошмарот продолжува“, под кој пишува дека Фабиос демантира дека има сметка во Швајцарија. Во написот „Можната афера Фабиос ја парализира Елисејската палата“ весникот не дава конкретни докази дека министерот има непријавена сметка и само нагласува дека новинарскиот сајт „Медиапарт ја проучува трагата“.

Токму овој сајт во декември изнесе докази дека тогашниот министер за буџет Жером Каузак има банкарска сметка во Швајцарија. Тој поднесе оставка на 19 март, три часа откако Обвинителството соопшти дека почнува истрага за даночни измами.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина