Лондонскиот градоначалник си ја намали платата поради пандемијата

Од:

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, соопшти денес дека ја намалил својата плата за 10 проценти поради пандемијата со Ковид-19 и ја повика британската Влада да ги поддржи локалните власти за да се избегне намалување на јавните услуги.

Кан, чија годишна плата изнесува 152.734 фунти (170.000 евра), исто така „ги замрзна“ платите на својот 15-член тим.

„Ковид-19 имаше разорно влијание врз јавните финансии на Лондон, кои беа блескави пред пандемијата,“ посочи Кан.

Приходите на лондонскиот транспортен оператор (ТФЛ) за време на пандемијата се намалија за повеќе од 90 проценти, а приходите од даноците, исто така забележаа пад откако голем број домаќинства и фирми не се во состојба да ги плаќаат.

Кан предупреди дека без владина поддршка ќе биде неопходно намалување на буџетите на полицијата, пожарникарите и јавниот превоз.

„Ова е најлош момент за враќање на мерките за штедење, сега кога мораме да вложуваме во заздравувањето на Лондон,“ посочи Кан, додавајќи дека сите локални самоуправи во Велика Британија се соочуваат со истите финансиски предизвици.

Локалните избори во Велика Британија требаше да се одржат во мај, но поради пандемијата ќе се одржат следната година.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Човек со палестинско знаме сè уште e на врвот на Вестминстерската палата

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ