Лондончанец обвинет за четири убиства во изминатите 15 месеци

Од:

Лондончанецот Стивен Порт (40) е обвинет денеска за четири убиства, извршени во изминатите 15 месеци.

Тој е обвинет и за четири случаи на давање отров.

Според Скотланд Јард, Порт е обвинет за убиство на четворица млади мажи, кои се најдени мртви во периодот меѓу средината на јуни минатата и крајот на септември оваа година.

Сите убиства се извршени во реонот на лондонската општина Баркинг, на крајниот исток од британскиот главен град. Мртвите тела на две од жртвите се пронајдени на гробиштата крај локалната црква „Сент Маргарет“. Телата на тројца од четворицата убиени, се откриени во радиус од 300 метри.

Првата жртва е Ентони Волгејт (23) за кого полицијата вели дека бил студент. Постои сомнеж дека сите убиства се поврзани со дрога и наркоманија, но кај Волгејт не се најдени траги од алкохол или дрога во крвта.

Втора жртва бил Словакот Габриел Ковари (23), кој живеел во Лондон и за кого истрагата покажала дека се познавал со третиот убиен, Даниел Витворт. Телата на овие двајца се пронајдени во период од три недели, меѓу август и септември 2014 година.

Покрај телото на Витворт полицијата открила писмо, во кое тој пишува дека „не можел повеќе да го издржи стравот дека ќе биде уапсен“, бидејки се сметал себе си одговорен за смртта на Словакот, што би требало да наведе дека станува збор за самоубиство.

Третоубиениот во писмото тврди дека токму тој го навел Ковари да зема дрога на една, како што вели „сексуална оргија“ во неговиот стан. Витворт верувал дека Словакот бил најден мртов како последица на предозираност со дрога и апчиња за спиење, што му ги дал на крајот од „секси журката“.

Последната жртва е 25-годишниот возач, Џек Тејлор. Неговото тело било пронајдено во септември годинава на околу 300 метри од локацијата на која полицијата ги пронашла телата на втората и третата жртва.

Обвинетиот Стивен Порт за себе на Фејсбук напишал дека е учител за лица со специјални потреби. Полицијата открила дека на интернет, често бил поврзан со сајтови кои ги користат хомосексуалци, лезбијки и трансексуалци.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство