Градоначалникот на Лондон, Садкик Кан носи нов закон со кој што се забранува отворање на нови ресторани за брза храна на 400 метри од училиштата.
Оваа мерка се носи со цел да се сузбие појавата на прекумерната тежина кај деца и се однесува на сите ресторани кои ја продаваат традиционалната британска риба со помфрит, како и пржено пилешко.
Идните ресторани кои ќе се отвораат во близина на училишта ќе мора да докажат дека ги исполнуваат минималните стандарди за нудење на здрава храна за да добијат дозвола за работа. Мерката е најавена откако преку едно истражување се поакаж дека 40 отсто од децата во Лондон се со прекумерна тежина, што е највисок процент во однос на сите британски градови.