Лондон тврди дека не испраќа британски војници во Либија

Од:

Британската влада денеска ги отфрли како неточни тврдењата на медиумите во Лондон дека таа се подготвува за испраќање на илјада војници во Либија и за интензивирање на воздушните напади врз либиската територија.

Според пишувањето на лондонските медиуми, ваквите британски мерки би требало да помогнат за стабилизирање на новата либиска Влада на национално единство и да ја засилат нејзината позиција во домашната и во меѓународната јавност.

Станува збор за операција во која британските војнци би биле дел од еден меѓународен контингент, од шест илјади луѓе под оружје, тврдат медиумите

Владата во Лондон, сепак, наведува дека ваквите медиумски информации се неточни.

– Нема планови за интензивирање на воздушните напади, а ниту за испраќање британски војници, изјави портпаролот на британската влада.

Претставник на парламентарната Комисија за надворешна политика изјави дека околу целата оваа ситуација со Либиј побарал официјално објаснување од Форин Офисот и од министерот за надворешни работи Филип Хамонд.

Во 2011 година Велика Британија и Франција, помогнати од САД, ја предводеа воената интервенција во Либија со која беше соборен од власта Моамер Гадафи.

Подоцна тој беше заробен и ликвидиран од бунтовничките исламистички милитанти, а земјата западна во целосен хаос.

Без централна власт и контрола на либиската територија, како и без безбедносни сили и контрола врз границите, оваа северноафриканска држава се претвори во терен за џихадистите на Исламската држава и на разните исламистички терористички групи, но и врата за илеганите мигранти кон југот на Европа.

Минатата недела, американскиот претседател Барак Обам во едно свое интервју, прв пат јавно, ги критикуваше Лондон и Париз што дозволија хаотична ситуација во Либија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски