Лондон: Очекуваме ширење на епидемијата на коронавирусот

Од:

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска оцени дека бројот на случаи на новиот коронавирус веројатно ќе биде многу поголем од досега потврдените.

Сите жртви досега беа од континентална Кина. Меѓутоа, ова е ситуација која брзо се развива и бројот на смртни случаи и на заболени веројатно ќе биде поголем од досега потврдените, истакна Хенкок во британскиот Парламент.

Тој потсети дека засега мал број заболени има во други држави, меѓу кои и Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и САД.
Засега нема потврдени случаи од оваа нова инфекција во Велика Британија, истакна Хенкок.

Кина денеска затвори два града, кои се епицентар на новата епидемија на коронавирус, од кој починаа 17 луѓе, а заразени се близу 600. Затворањето на градовите значи и запирање на јавниот транспорт, вклучувајќи железници и аеродроми

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот