Лондон ја повика ЕУ да ги преиспита своите предлози за односите по брегзит

Од:

Велика Британија ја повика Европската унија да ги преиспита своите предлози доколку сака да постигне договор за односи по брегзит до крајот на годината.

Пет дена по завршувањето на третата рунда разговори, што се одржуваа практично, без да напредок, британскиот преговарач Дејвид Фрост испрати писмо до неговиот европски колега Мишел Барние.

„Она што се нуди во преговорите не е рамноправен однос на слободна трговија меѓу блиски економски партнери, туку договор со релативно лош квалитет, со невиден надзор на ЕУ врз нашите закони и на нашите институции“, напиша Дејвид Фрост.

„Се надевам дека во наредните недели ЕУ ќе ги преиспита своите предлози на начин што ќе ни овозможи да најдеме брзо и конструктивно решение“, додаде тој.

Фрост нагласува дека ЕУ инсистира на дополнителни одредби, нерамномерни и без преседан во голем број области, како предуслов за договор.

Преговорите треба да продолжат на 1 јуни, а можно барање за продолжување на периодот предвиден за постигнување договор, кој е крајот на 2020 година, мора да биде испратено пред 1 јули.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот