Лондон ги бара оригиналните материјали за „бруталноста“ на ЦИА

Од:

Британската парламентарна Комисија за разузнавање и безбедност ги побара оригиналните материјали на ЦИА за испрашувањата што ги спроведувале служебници на Агенцијата врз лица осомничени за тероризам по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Демократите во Сенатот на САД издејствуваа објавување на извештајот за нивната специјална истрага околу активностите на ЦИА, која е обвинета за „брутален“ третман кон осомничените припадници на Ал Каеда.

Во овој материјал нема ништо за однесувањето на британските разузнавачки агенции и за евентуалното нивно учество во „тортурата“ при обезбедувањето признание.

Барањето на британската парламентарна Комисија доаѓа по признанието на Даунинг стрит 10 дека разузнавачките агенции на Велика Британија биле во контакт со ЦИА, пред да бидат објавени материјалите за активнсотите на Агенцијата, како и дека во извештајот на Сенатот на САД нема ништо за британските разузнавачки агенции и нивното евентуално учество во „тортурата“.

Според кабинетот на премиерот Дејвид Камерон, во контактите со Американците не се барало да се прикрие евентуалното британско учество, туку само да се „заштитат британските државни интереси“.

Претседателот на британската парламентарна Комисија, Малколм Рифкин, кој е поранешен министер за надворешни работи, изјави дека се бара од САД да им бидат доставени нередактираните текстови. Според Рифкин, доколку се утврди британско учество во „бруталноста“ на разузнавачите кон припадниците на Ал Каеда, ќе се бара одговорност за таквите постапки затоа што тоа е забрането со британските закони.

Комисијата веќе покрена постапка за да се испита што се случувало на островот Диего Гарсија, британска прекуморска територија во Индискиот Океан, каде има американска воена база на која се верува дека биле чувани и испрашувани затворениците.

Би можело да ве интересира

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја