Лондон е на прво место во Европа по процентот на кокаин во отпадните води

Од:

Британскиот главен град е на прво место во Европа, според процентот на кокаин во отпадните води, покажува истражувањето на Агеницијата за борба со наркоманијата во ЕУ.

Истражувањето открило дека Лондон е за малку пред Амстердам, кој досега беше на првото место, на оваа неславна листа за нивото на наркоманијата. Со истражувањето биле опфатени 50 градови.

Додека британскиот главен град го има приматот по процентот на кокаин во отпадните води, што преку тоалетите тече низ канализационата мрежа, Амстердам е на прво место, според пронајдениот канабис.

При испитувањето земена е предвид големината на градовите и бројот на населението кое живее во нив.

Утврдени е дека во 2014 година, лондончани, просечно, исфрлале по 737 милиграми кокаин, на илјада луѓе, во текот на една недела.

Најголем процент е откриен во текот на петокот и саботата, додека нивото на оваа дрога во текот на неделите и во понеделниците, драстично се намалува.

Во Антверпен во Белгија, како и во Амстердам, напротив, коакаинот во отпадните води, во големи киличества се среќава и во недела и во понеделник.Но Лондон останува на челната позиција во Европа и според процентот на младите кои ја консумираат оваа дрога.

Околу четири отсто од младите Британци кои живеа во главниот град , на возарст меѓу 15 и 34 години, признале во истражувањето дека земаат кокаин.

Главниот град на Норвешка, Осло и германскиит град Дрезден се убедили први по пронајдениот метамфетамин во отпадните води, што во Лондон, на пример, воопшто не е откриен.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство