Лондонската полиција денес ги блокираше мостот и тунелот преку реката Темза во близина на Лондон, откако претходно приведе маж, поради сомнително однесување.
Полицијата добила дојава дека на преминот Дартфорд, преку кој сообраќајот се одвива кон автопатот М25 на исток на Лондон, се наоѓа минувач, кој што чудно се однесува и таму е пронајден сомнителен предмет.
-Мажот е приведен. Полицијата пронајде сомнителен предмет и го затвори преминот за да спроведе истрага, се наведува во соопштението на полицијата.
Двете траки во тунелот и на мостот беа затворени, во текот на попладневниот шпиц, во време кога илјадници возила сообраќаат кон автопатот, пренесе „Ројтерс“.
Елена Георгиевска