Бројката на заразени со Ковид-19 и тоа со опасниот индиски делта сој во Сиднеј порасна на 128. По неколку случаи на заразени со овој вид коронавирус се регистрирани во Квинсленд и во Западна Австралија.
Првпат по неколку месеци се случува во Австралија да се појават кластери во неколку региони.
За денеска е закажан итен состанок на премиерот Скот Морисон со државните и со регионалните лидери.
Земјата се соочува со критичен период во борбата против коронавирусот, а неколку области ги затворија гранците, во дел од нив се враќаат и рестрикциите за да се спречи понатамошно ширење на вирусот.
Поради ескалацијата на новите случаи Сиднеј и Дарвин се во локдаун, а рестрикции се воведени во четири држави.