Локални избори во Романија

Од:

Над 18 милиони Романци со право на глас денеска треба да се изјаснат за избор на градоначалници и членови на општинските совети.

Изборите се одржуваат во сенка на обвиненијата за корупција против десетици актуелни и поранешни носители на јавни функции, меѓу кои се и некои од кандидатите на денешното гласање.
Според романските медиуми, дури 51 од 109-те актуелни градоначалници на поголемите општини се обвинети или против нив се води истрага за корупција и злоупотреба на функцијата. Меѓу обвинетите за примање мито е и досегашниот градоначалник на Букурешт, Сорин Опреску, како и пет од шестмината градоначалници на општините во романскиот главен град. Двајца од осомничените се кандидати за градоначалници и на денешните избори.  
 
Аналитичарот Раду Магдин оценува дека денешните избори се прв тест за актуелната романска политичка класа по серијата коруптивни афери и големиот трагичен пожар во дискотеката во Букурешт во октомври минатата година, кој доведе до оставка на Владата на премиерот социјалдемократ Виктор Понта и формирање на владин Кабинет составен од независни експерти и технократи.

Магдин оценува дека на денешните избори најмногу гласови ќе освои Социјалдемократската партија (ПСД), што според него, ќе претставува удар за десноцентристичката Национално либерална партија (ПНЛ) и остантите десни партии во пресрет на парламентарните избори предвидени за на есен.
Гласањето ќе трае до 20 часот, а првите резултати се очекуваат доцна вечерва.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија