Гласачките места се отворени за локалните избори во недела и понеделник во 1.192 општини низ Италија, вклучувајќи ги и четирите најголеми градови – Рим, Милано, Неапол и Торино.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, најважните италијански имиња, од премиерот Марио Драги и лидерот на десницата Матео Салвини до Џорџо Мелони и поранешниот премиер Џузепе Конте, не се на гласачкото ливче, но локалните избори треба да покажат колку Италијанците се задоволни од владината политика во однос на пандемијата на коронавирус и мерките што ги спроведува.
Гласовите на повеќе од 12 милиони Италијанци кои имаат право на глас би можеле да ја одлучат и иднината на десниот центар.
Избирачките места се отворени денеска од 7 до 23 часот и утреод 7 до 15 часот.
Доколку ниту еден кандидат за градоначалник не постигне апсолутно мнозинство во големите градови, ќе има втор круг во кој две недели подоцна ќе се гласа за двајцата најдобро позиционирани кандидати.