Лојд Остин: Путин сè уште може да избегне војна

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Владимир Путин сепак може да го промени курсот на Русија и да избегне војна.

Во говор во Пентагон пред средбата со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, Остин рече дека САД се „синхронизирани“ со своите сојузници „за да се обидат да најдат начин да избегнат понатамошен конфликт“.

– Господинот Путин сè уште може да избегне голема и трагична војна ако одлучи да го стори тоа, додаде Остин.

Тој рече дека „последната инвазија“ на Украина го загрозува „мирот, безбедноста и просперитетот на Украина и трансатлантската заедница“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини