Лиз Трас се откажа од присуство на состанокот на Г20

Од:

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас нема да присуствува на претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, закажан за денеска и утре, и се враќа во земјата, јави Би-Би-Си.

Таа планира да се врати во Лондон поради оставката на премиерот и лидер на ториевците Борис Џонсон. Откако Џонсон ја објави својата одлука да поднесе оставка како премиер и лидер на Конзервативната партија, Трас рече дека „донел правилна одлука“.

„Сега ни треба смиреност и единство, за владата да продолжи да работи додека се избира нов лидер“, напиша таа на Твитер.

Лиз Трас се смета за еден од кандидатите за лидер на ториевците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година