Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка. Таа ја објави својата одлука пред нејзината канцеларија на Даунинг стрит 10.
Трас ја започна својата изјава велејќи дека ја презела функцијата „во време на голема економска и меѓународна нестабилност“.
„Признавам дека со оглед на ситуацијата не можам да го завршам мандатот за кој ме избра Конзервативната партија“, рече сега веќе поранешната премиерка и најави нови партиски избори.
Трас изјави дека изборите за лидер на Конзервативната партија ќе се одржат следната недела и дека таа ќе остане премиер додека не се избере наследник и дека својата одлука претходно му ја соопштила на кралот Чарлс Трети.
Трас и официјално е британски премиер со најкраток мандат, кој траеше само 45 дена. Таа е последниот премиер именуван од Кралицата Елизабета Втора.