Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас води во трката за да стане шеф на британската влада и има добри шанси да го замени Борис Џонсон на функцијата во септември, според новата анкета објавена денеска.
Лиз Трас има 32 процентни поени предност пред нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак: 66 отсто од членовите на Конзервативната партија ја поддржуваат, додека Сунак има само 34 отсто, според анкетата на YouGov/Sky News која ги исклучува 13 отсто од членовите кои се уште се неопределени.
Анкетата на YouGov/The Times пред две недели покажа дека Трас води со 38 процентни поени.
Двајцата кандидати за наследник на Борис Џонсон имаа серија често жестоки дебати во последниве недели во услови на тензични економски и социјални услови, при што инфлацијата надмина 10 отсто и имаше штрајкови во многу сектори поради падот на куповната моќ.
На 7 јули, Борис Џонсон мораше поднесе оставка по повеќе од 50 оставки во неговиот круг.