Ливиу Војнеа предложен за нов премиер на Романија

Од:

Романската владејачка Социјалдемократска партија (ПСД) денеска го предложи вицегувернерот на Националната банка на Романија, Ливиу Војнеа за нов романски премиер, јави Аџерпрес.

– Решивме да го предложиме Лувиу Војнеа, бидејќи мислиме дека ги исполнува критериумите, како за транспарентност, така и за стручност. Тој ужва доверба на важните финансиски институции и има искуство во таа сфера, изјави попладнево лидерот на ПСД, Ливиу Драгнеа по средбата со романскиот претседател Клаус Јоханес.

Досегашниот романски премиер Виктор Понта минатата недела поднесе оставка по масовните протести од кои беше побарана индиректна одговорнсот од него и од министерот за внатрешни работи Габриел Опреа, во врска со несреќата во еден клуб во Букурешт на 30 октомври, при што загинаа 32 лица.

По оставката на Понта, претседателот Јоханес го именува министерот за образование Сорин Кампеану за времен премиер и најави консултации со парламентарните партии за избор на нов прв човек на Владата.

Опозицијата викендов се заложи за одржување предвремени избори, но самиот Јоханес, кој е поранешен лидер на опозициската Национална либерална партија, синоќа нагласи дека смета оти таквиот предлог во овој момент не е добро решение.

Инаку, денеска беше соопштено дека оставка поднел и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Габриел Опреа.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година