Литванија денеска почна да гради ограда на границата со руската енклава Калињинград во обид да спречи шверцување и илегална миграција, како и да ги зајакне надворешните граници на ЕУ.
На церемонијата по повод почетокот на изградбата на првиот дел од 130-километарската метална ограда во селото Раминискиу присуствуваше и литванскиот министер за внатрешни работи Елмутис Мисиунас.
Проектот вклучува електронски системи за надзор и дронови, а предвидено е вкупните трошоци да изнесуваат 3,6 милиони евра, додека изградбата на оградата се очекува да биде завршена до крајот на годинава.
Како што е нагласено, оградата со височина од два метра ќе се протега низ две литвански области до реката Њемен, која претставува природна граница меѓу Литванија и Калињинград.