Литванија од утре го презема шестмесечното претседавање со ЕУ

Од:

Литванија од утре ќе го преземе шестмесечното претседавање со ЕУ, а нејзини официјални претставници изјавија дека главни приоритети ќе им бидат финансиската стабилност и економскиот раст.

Ирска, која претседаваше со ЕУ во претходните шест месеци, утре согласно принципот на ротација ќе и го предаде овој мандат на Литванија, која е млада членка на Унијата.

Претседателката на Литванија Далија Грибаускајте најави за време на минатонеделниот самит во Брисел дека литванското претседавање ќе води сметка за интересите на граѓаните на своите членки, кои по приемот на Хрватска од утре ќе бидат 28.

– Ќе се стремиме кон финансиска стабилност, економски раст и намалување на невработеноста, посебно меѓумладите, истакна Грибаускајте.

Претседавањето со ЕУ од 1 јануари 2014 година ќе го преземе Грција.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер