Литванија ја доби родово најизрамнетата влада на истокот на ЕУ

Од:

Десноцентристичката литванска Влада, предводена од премиерката Ингрид Шимоните, која денеска положи свечена заклетва, стана родово најбалансираната влада во источниот дел на Европската Унија, пренесува Хина.

Шимонте, која единствена предводи влада во источните држави на ЕУ, назначи седум министерки и осум министри.

Двете партии, кои се во коалиција со партијата на Шимонте, која победни на изборите во октомври, се предводени од млади политичарки, а девет министри во новата влада се помлади од 40 години.

Неколку месеци во 2019 година, литванската влада немаше ниту една жена, а тогашниот премиер Саулиус Сквернелис тврдеше дека „квалитетот, компетентноста и професионалноста“ се поважни од родовата еднаквост.

По Литванија, Бугарија е источна членка со најголем број жени во владата – седум од вкупно 19 министри. Најлошо е во Полска каде има само една жена од 20 министри. Хрватска има четвори жени од 16 министри.

Во Европската унија, Белгија, Франција и Шпанија исто така имаат родово рамноправни влади, додека Австрија, Финска и Шведска имаат женско мнозинство.

Данска, Финска и Германија се земји во кои жена е на чело на Владата.

Би можело да ве интересира

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он