Литванија го презема шестмесечното претседавање со ЕУ

Од:

Литванија го презема шестмесечното претседавање со ЕУ, а нејзините официјални претставници изјавија дека главни приоритети ќе им бидат финансиската стабилност и економскиот раст.

Ирска, која претседаваше со ЕУ во претходните шест месеци, согласно принципот на ротација и го предава мандатот на Литванија, која е млада членка на Унијата.

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте, најави за време на минатонеделниот самит во Брисел дека литванското претседавање ќе води сметка за интересите на граѓаните на своите членки, кои по приемот на Хрватска, се 28 на број.

– Ќе се стремиме кон финансиска стабилност, економски раст и намалување на невработеноста, посебно меѓумладите, истакна Грибаускајте.

Претседавањето со ЕУ од 1. јануари 2014 година ќе го преземе Грција.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на четвртиот американски војник исчезнат во Литванија

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски