Заедно со изборите за Европски парламент Литванците гласаат денеска и на втор круг од претседателските избори, во кои фаворит е сегашната претседателка Далија Грибаускаите.
Наречена „Железната дама“ на литванската политика, 58-годишната Грибаускаите освои 45,92 проценти од гласовите во првиот круг на 12 мај.
Нејзиниот соперник, социјалдемократот Зигмантас Балчитис, кој ја фокусира кампањата врз социјални теми, освои едвај 13,62 проценти од гласовите на избирачите.