Линос-Александер Сицилијанос нов претседател на Европскиот суд за човекови права

Од:

Грчкиот судија Линос-Александер Сицилијанос е избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Мандатот на Сицилијанос ќе почне на 5 мај 2019 година и тој на оваа престижна и одговорна функција ќе го наследи Италијанецот Гвидо Рајмонди.

Судијата Сицилијанос е роден на 9 мај 1960 година во Атина. Тој дипломирал право на Универзитет во Атина во 1983 година, а магистрирал меѓународното право на Универзитет Роберт Шуман во Стразбур во 1984 година. На истиот Универзитет стекнува докторат по правни науки во 1990 година.

Покрај бројните функции во Грција и на меѓународен план, тој е избран за судија во Европскиот суд за човекови права од 18 мај 2011 година. Од 1 февруари 2017 година беше претседател на секција на Европскиот суд за човекови права, а од 1 мај 2017 година и потпретседател на Трибуналот.

За нов потпретседател на Судот, на досегашното место на Сицилијанос, е избран исландскиот судија Роберт Спано.

Судот се состои од по еден судија од секоја од 47-те држави што ја ратификувале Европската конвенцијата за човекови права. Судот е поделена на пет секции во кои се наоѓаат совети од по седум судии. Судот, исто така, заседава и во Големиот судски совет од 17 судии.

Судот има двајца потпретседатели, од кои секој од нив претседава со една од секциите, додека другите три секции имаат свои претседатели.

Би можело да ве интересира

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски

Македонија единствена во регионот без уставна жалба, со неа се избегнуваат долгите постапки пред ЕСЧП

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

Сексуални работнички ја добија правдата во Европскиот суд за човекови права, Македонија треба да им плати 13.300 евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не слави за одлуката во Стразбур, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Ковачевски: Одлуката на ЕСЧП е огромна победа и успех на државава