Управата на синџирот холандски дрогерии „Круидват“ не може да објасни како ликот на поранешниот нацистички лидер Адолг Хитлер се најде во една од нивните боенки, што предизвика бурни реакции.
– Се извинуваме, жал ни е. Навистина не знаеме како се случи тоа, изјави портпаролот на „Круидват“.
Тој додаде дека боенките се повлечени од продажба откако почнале да пристигнуваат жалби на фејсбук страницата на „Круидват“.
Во боенката со историски личности, како Нелсон Мандела, Абрахам Линколн или Алберт Ајнштајн се најде и ликот на Хитлер, а управата на „Круидват“ тврди дека не знае како тоа се случило.
Боенката е печатена во Белгија, а само по ден и половина е повлечена од продажба.
– Сите кои купиле боенка можат да добијат парите назад, соопшти „Круидват“.