Лидерот на сомалиските исламисти ликвидиран со француска помош

Од:

Француските тајни служби соработувале со Вашингтон во операцијата при која на 1 септември беше ликвидиран лидерот на сомалиските исламисти Ахмед Абди „Годане“, јави дописникот на МИА од Париз.

– Франција и претседателот на Републиката ја поддржаа соработката во областа на размената и координацијата на информациите со кои располагаат тајните служби, соопшти извор од Елисејската палата.

Ахмед Абди „Годане“ беше убиен на  1 септември од страна на американските служби, но во подготовката на операцијата биле вклучени и француските тајни служби, кои сепак не биле дирекн вклучени во акцијата.

„Годане“ познат уште и под името Абу Зубејр беше еден десетте најбарни лица оосмничени за тероризам од страна на САД. Исламистите во Сомалија се заканија дека ќе ја одмаздат неговат смрт и дека за негов наследник го избрале Ахмед Умар Абу Убаида.

Ахмед Абди „Годане“ беше убие од американска ласерски наведуваба ракета од типот Хелфајр, при еден состанок на високо ниво на исламиситие на југот од Могадишу.

Според францускиот весник „Ле Пуан“, информациите за тоа каде се наоѓа Ахмед Абди „Годане“, односно идентификацијата на неговото возило и патот по кој ќе се движи било дело на француската разузнувачка служба ДГСЕ, под директна наредба на францускиот претседател.

Ахмед Абди „Годане“ е одговорен за грабнувањето на 14 јули 2009 на два агенти на ДГСЕ. Едниот, Марк Обриер успеа да побегне, но другиот, Денис Алекс, беше држен како заложеник од страна на Ахмед Абди „Годане“  во нехумани услови. Француската воена операција за негово ослободување на 11 јануари 2013  беше неуспешна, при што загинаа заложеникот, двајца француски командоси и најмалку 17 исламисти.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија