Лидерот на ПЕГИДА се повлече од движењето по имитирањето на Хитлер

Од:

Само неколку часа пред големиот протест што вечерва се случува во Лајпциг лидерот на ПЕГИДА или Движењето на патриотските Европјани против исламизацијата на западот се повлече од раководството на движењето.

Луц Бахман кој како што предходно објавија дел од германските медиуми имал десетина кривични пријави за ситен криминал беше принуден да ја напушти ПЕГИДА откако беше објавена негова фотографија на која што тој го имитира Адолф Хитлер. Предходно Бахман негираше дека тој или движењето има симпатии за нацистичкиот лидер.

Бахман тврди дека фотографијата на која тој со мустаќи во стилот на Хитлер позира пред неговиот фризер е само обид да се пошегува во пресрет на објавување на аудио книгата – пародија за Хитлер „Гледај кој се врати“ во која Хитлер се враќа во Германија во 2011 година.

Фотографијата најпрвин ја објавил самиот Бахман на својот фејсбук профил но откако беше преземена од тиражниот весник Билд а потоа и на социјалните медиуми тој истата ја избришал и ја заменил со слика на Чарли Чаплин од филмот „Големиот диктатор“.

Оставката на Бахман кој е еден од најпознатите членови на советот на ПЕГИДА и важи за главен лидер во јавност се случува во пресрет на големиот протест кој движењето вечерва го организира во Лајпциг а кој се случува откако полицијата го забрани понеделничниот протест во Дрезден токму поради закани по животот на Бахман.

Вечерва во Лајпциг се очекуваат меѓу 30 и 60 илјади демонстранти кои бараат намалување на влијанието на исламските структури присутни во Германија. Слични движења како ПЕГИДА во меѓувреме се појавија и во Норвешка и во Данска.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски