Лидерот на Хезболах се заканува со раселување на милиони Израелци

Од:

Лидерот на либанското милитантно движење Хезболах денеска изјави дека „милиони“ Израелци ќе бидат раселени во случај на нов судир меѓу оваа шиитска организација и еврејската држава, пренесе Танјуг.

Шеикот Хасан Насралах ова го изјави на митинг во јужен Бејрут, упориштето на Хезболах, одговорајќи на проценката од Израел дека во следната војна може да бидат раселени милион Либанци, пренесоа американските медиуми.

„Џерузалем пост“ вчера цитираше неименуван израелски воен претставник, кој кажа дека во случај да нема друг избор, Израел „ќе евакуира еден милион до 1,5 милион жители во Либан и дека ќе делува“.

Насралах рече дека „Хезболах ќе расели милиони Израелци доколку војната му биде наметната на Либан“.

Израел и Хезболах повеќе од еден месец војуваа во летото 2006 година. Во оваа војна загинааа 1.200 Либанци, вклучувајќи и стотици цивили и 160 Израелци.

Во таа војна врз либанската инфраструктура беше нанесена голема штета.

Би можело да ве интересира

Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел