Лидерот на Хезболах се појави во јавноста

Од:

Лидерот на либанската шиитска Божја партија (Хезболах), шеикот Хасан Насрала денеска се појави во јавноста по повод одбележувањето на „Денот на Ерусалим“ (Ал Кудс), кој годинава е посветен на солидарност со Палестинците од Газа.

Оваа е петто појавување на Насрала во јавноста од 2006 година, кога почна да се крие за време на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Насрала денеска се појави на собир пред свои приврзаници во една сала во јужниот дел на Бејрут, при што порача дека „Палестина ќе остане главна кауза на арапско-муслиманскиот свет“.

Денот „Ал Кудс“ се чествува во последниот петок од рамазанскиот пост. Празникот првпат почна да се одбележува во Иран по Исламската револуција во 1979 година.

Годинава Хезболах го чествува денот под мотото „За солидарност со народот и отпорот во Појасот Газа“.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас