Лидерот на Хезболах се надева дека сириските власти нема да ги нормализираат односите со Израел

Од:

Лидерот на Хезболах Наим Касем рече дека се надева оти новата сириска влада нема да ги нормализира односите со Израел и дека ќе продолжи да ја смета земјата за непријател.

„Се надеваме дека оваа нова владејачка партија ќе го смета Израел за непријател и нема да ги нормализира односите. Тоа се главните точки кои ќе влијаат на природата на односите меѓу нас и Сирија“, рече Касем.

Касем, исто така, рече дека Хезболах „не може да им суди на овие нови сили додека не се стабилизираат“ и „да заземат јасни позиции“, но истакна дека се надева дека либанскиот и сирискиот народ и влади ќе продолжат да соработуваат.

Хезболах ја започна својата интервенција во Сирија во 2013 година за да му помогне на Асад да се бори против бунтовничките групи кои потоа се обидоа да го соборат.

Повеќе од 50-годишното владеење на семејството Асад сега е заменето со преодна влада предводена од групата Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната филијала на Ал Каеда која ја предводеше бунтовничката офанзива.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе