Лидерот на Хамас после 45 години повторно во Газа

Од:

Претседателот на политичкото крило Хамас, Халид Мешал после 45 годни со големи мерки за безбеност преку граничниот премин Рафах стигна во Газа.

По влегувањето во Газа, Мешал  изрази благодарност што повторно се наоѓа на територијата на Газа каде што свечен дочек подготвија премиерот Исамил Ханија и голем број на граѓани.

На Мешал за време на режимот на Хосни Мубарак му беше забранет влез во Газа преку египетска територија. Тој допатува во посета на Газа за да присустувава на одбележувањето на 25-годишнината на основањето на движењето Хамас.

Месал в сабота ќе им се обрати на Палестинците во Газа, а в недела ќе се состане и со семејствата на жртвите во израелските напади врз Газа.

На улиците и плоштадите во газа веќе се истакнати знамиња на Палестина. На плоштадот Ел-Кетиб каде ќе се одржи централната свеченост.

На плоштадот е поставена макета од ракета М-75 што ја произведе Хамас. Тие ракети неодамна беа испукани врз Тел Авив како одговор на израелските напади.

Би можело да ве интересира

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Мајка на единствената Британка која ја држи Хамас: Трамп ми дава надеж

Хамас тврди дека за време на војната во Газа биле убиени 33 заложници

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас