Лидерот на британските лабуристи ја губи популарноста кај гласачите

Од:

Новиот лидер на британските лабуристи, левичарот Џереми Корбин, загуби значителен дел од поддршката на гласачите, само по неполни два месеци од изборот, покажува истражувањето на агенцијата Југав.

Дури 50 отсто од гласачите сметаат дека Корбин е лош лидер и не ја врши добро својата работа, што е зголемување на непопуларноста за цели 11 отсто во само еден месец.
Намалена е и поддршката на оние кои сметаат дека тој работи добро и важат за негови поддржувачи, иако тоа е во помал обем од оние кои сметаат дека тој не може да ја води главната опозициска партија во Велика Британија.

Лош старт пред пет години, имаше и неговиот претходник, Ед Милибанд кој почна да работи како лидер на лабуристите и на опозцијата, во есента 2010 година, во услови кога оние кои го подржуваа, беа помалку од оние кои беа против него.

Ваквата ситуација се објаснуваше со неговата одлука да се појави на партиските избори во последен момент, како противкандидат на неговиот брат Дејвид Милибанд кој ја имаше поддршката на пратениците и на поголемиот број од партиското членство и се веруваше дека сигурно ќе го наследи Гордон Браун.

Во случајот со Корбин, неговата непопуларност доаѓа од несогласувањето во партијата и во јавноста со неговите левичарски, идеолошки уверувања. Тие се спротивни на големото мнозинство од лабуристичките пратеници, избрани на изборите во мај оваа година, кои сметаат дека тоа може да доведе до „губење“ на партијата и до уште една победа на конзервативците.
Особено што неговите политички противници сметаат дека неговите уверувања се во директна спротивност со државните интереси на Британија.Тој веќе беше осудуван што на самиот почеток, како нов лидер, одби да ја пее британската химна („Боже чувај ја нашата кралица), а потоа и да се поклони на загинатите британски војници во сите војни во кои учествувала Велика Британија.

Падот на популарноста се објаснува и со неговата личност и досегашната самоизолација од сопствената партија. Тој е дваесетина години пратеник, но цело време дејствувајќи како „осамен стрелец“ и по сопствено признание, речеси редовно гласајќи во Долниот дом против сопствените лабуристи.

Корбин е избран за лидер со поддршка само на левичарските синдикати и на крајната левица во партијата, но и според новиот систем на гласање, со кој можеше да гласа секој што ќе се пријавеше, без разлика дали е лабурист и дали воопшто досега гласал за оваа партија.

Првиот сериозен тест Корбин ќе го има за време на скорешните вонредни избори во изборна единица која важи за лабуристичка.Како кандидати за пратеник ќе се појават еден центристички определен лабурист и еден „корбинист“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство