Лидерот на Ал Каеда ги повика следбениците да се подготват за џихад

Од:

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири ги повика своите следбеници и сите екстремисти во Сирија да се обединат и да се подготват за „продолжен џихад“.

Тој преку аудио снимка, која денеска ја објави медиумскиот огранок на АЛ Каеда, Ас Сахаб порача да се промени тактиката и да се премине на герилска војна.

– Меѓународниот сатански сојуз никогаш нема да може да го прифати владеењето на исламот во Сирија, рече тој.

Ал Завахири појасни дека оваа војна не е исклучиво сириска, туку кампања на сите муслимани со цел воспоставување на божјо владеење.

Коалицијата, предводена од САД изминтите месеци ги зајакна воздушните напади врз сирискиот огранок на Ал Каеда, Фронтот Фатах ал Шам, убивајќи некои од неговите главни лидери.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права