Лидерката на партијата „Браќа на Италија“ со иста реторика како Трамп: „Интересите на мојата држава се први“

Од:

Лидерката на италијанската десничарска партија бара од Европската унија да им надомести на државите членки кои „загубиле“ од самото воведување на валутата Евро.

Таа според своите политики наликува на реториките на Доналд Трамп.

Џорџа Мелони, чија партија „Браќа на Италија“ стана втора најголема партија во десничарскиот опозициски блок, во своето интервју за Блумберг соопшти пред јавноста дека „Не сака да ја напушти европската валута, но дека мора се соочат земјите со проблемите кои таа ги предизвикува“.

Прво и најзначајно меѓу сите проблеми е разликата помеѓу победници и губитници од самото воведување на единствената валута, според Мелони.

Во интервјуто, таа додаде дека е подготвена да служи како прва жена премиер на Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Мелони: Трамп нема да го анектира Гренланд и нема да ја напушти Украина

ВИДЕО: Мелони со овации и аплауз пречекана во вилата на Трамп на Флорида

На Американците им е доста од политиката, сè помалку ги следат вестите

Мелони: Трамп не е наш непријател