Лидерката на AfD ги испраќа Мерц и Писториус на украинскиот фронт

Од:

Алис Вајдел, копретседателка на партијата Алтернатива за Германија (AfD), остро ја критикуваше политиката на Берлин кон украинскиот конфликт, велејќи дека оние што повикуваат на војна против Русија треба лично да се појават на бојното поле.

„Кој сака војна, нека си оди сам“, рече Вајдел во говорот, чија снимка беше објавена на YouTube каналот на парламентарната фракција на AfD.

„Канцеларот Фридрих Мерц нека оди на фронтот, министерот за одбрана Борис Писториус нека ја покаже својата храброст со пример“, рече Вајдел.

Според неа, германските војници не треба да се испраќаат во „странски војни“, ниту пак германските младинци треба да умираат „за интересите на Киев“. Вајдел додаде дека НАТО ја изгубил својата првобитна одбранбена улога и станал инструмент за политички притисок, принудувајќи ги земјите-членки да донесуваат одлуки спротивни на нивните национални интереси.

Изјавата на Вајдел дојде откако земјите од Г7 неодамна изразија загриженост за инцидентите во европскиот воздушен простор, велејќи дека прекршувањата во Естонија, Полска и Романија претставуваат „неприфатливи акти“ што се закануваат да ја поткопаат меѓународната безбедност.

Би можело да ве интересира

Кремљ им порача на пратениците да бидат подготвени за прекин на огнот и победа

Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Разбиена огромна криминална мрежа со центри во Украина

Француски војници се тајно распоредени во Украина, парламентот не е известен

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

Трамп: Путин стана попопустлив во однос на Украина

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он