Лидерите на ЕУ ветија дека ќе продолжат да работат на унапредување на мирот, слободата и правдата

Од:

Лидерите на Европската унија ја примија Нобеловата награда за мир за 2012. денеска на церемонија во Осло, на која ветија дека ќе продолжат да се борат за траен мир, слобода и правда и да ја заштитуваа заедничката европска валута.

Нобеловата награда на ЕУ и е доделена заради улогата во преобразувањето на Европа од „континент на војна во континет на мирот“. Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја награди ЕУ „за придонесот во речиси шестдеценискиот развој на мирот и помирувањето, на демократијата и човековите права“.

Претседавачот на Нобеловиот комитет Торбјорн Јагланд наградата им ја врачи на тројцата лидери на ЕУ – претседателот Херман ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Јагланд наведе дека Унијата занчително придонела „еден континент на војна да стане континент на мир“.

Тој потсети дека во војните и екстремистичките движења во минатиот век во Европа настрадале 80 милиони луѓе.

– Заедно мораме да се погрижиме да не го изгубиме тоа што го изградивме врз урнатините од двете светски војни. Мирот не смее да се зема здраво за готово. Мораме за него да се бориме секој ден, посочи Јагланд.

Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпуј изјави во својот говор дека и покрај тоа што војната е стара коклу што е стара и Европа, сепак поранешните европски непријатели се помириле и ги надминале несогласувањата, посочувајќи ги како пример Франција и Германија.

Баросо истакна дека ЕУ се придвижила од „обединување заради добивката на јаглен и челик кон надминување на внатрешните граници“. Тој додаде дека Унијата се проширила од шест на речиси 28 земји-членки, вклучувајќи го и влезот на Хрватска следната година.

– Денес еден од највидливите симоболи на единството е во рацете на секого. Тоа е еврото, валутата на нашата ЕУ. Ние ќе го поддржиме еврото, нагласи Баросо.

Тој ја призна „несовршеноста“ на ЕУ, но ги потенцира постигнувањата на еден континент, во кој имало Холокауст, војни и краен национализам.

На церемонијата во Осло имаше околу илјада гости, меѓу кои и околу 20 државни и владини лидери.

ЕУ најави дека паричната награда од осум милиони шведски круни (1,2 милиони долари) ќе ја искористи за помош на децата во зоните зафатени од конфликти.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он