Лидерите на ЕУ го одобрија договорот за Брегзит

Од:

Земјите членки на ЕУ ја одобрија спогодбата за напуштање на Обединетото Кралство на ЕУ и политичката декларација, напиша на Твитер претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

– Сега е време сите да преземат одговорност, овој договор е потребен чекор за градење доверба и за следната фаза на ова амбициозно партнерство без преседан, изјави Мишел Барние, шефот на европскиот преговарачки тим пред почетокот на Самитот.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека е ова е тажен ден и дека напуштањето на Обединетото Кралство е трагедија.

Година и половина им беше потребна на Лондон и Брисел да се договорат за спогодбата за повлекување, како и политичката декларација која ја поставува рамката на идното партнерство меѓу двете страни по Брегзит.

Спогодбата за повлекување предвидува решение за ирската граница која на многумина во Британија не им се допаѓа бидејќи оценуваат дека на тој начин Северна Ирска ќе стане „економска колонија на ЕУ“.

Топката е сега во рацете на британскиот Парламент кој треба да ја одобри спогодбата, но мнозинството на премиерката Тереза Меј е слабо и ситуацијата е неизвесна.

Меј ќе им се придружи денеска на останатите 27 шефови на држави и влади на ЕУ во Брисел.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно