Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

Од:

Лидерите на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) по објавувањето на излезните анкети, кои покажаа дека нивната партија го освои второто место со огромна поддршка од гласачите се обратија до јавноста.

Копретседателот на партијата, Тино Крупала, го изрази своето задоволство од постигнатиот резултат, нагласувајќи дека е „многу горд на партијата“.

„Бевме обединети, водевме целна кампања и бевме дисциплинирани“, рече Крупала, стоејќи покрај копретседателката на партијата Алис Вајдел.

Тој додаде дека АфД може да донесе „епохални промени“ и нагласи дека тие се „секогаш отворени за преговори“.

„Ја освоивме довербата на гласачите и сите останати треба да го прифатат тоа“, рече тој.

Сепак, другите политички партии остануваат на ставот дека нема да влезат во коалиција со АфД.

И покрај ова, Крупала истакнува дека неговата партија добила „мандат за политички промени“.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата