Лидерот на сириската бунтовничка група Фронт ал Нусра, која е поврзана со терористичката мрежа Ал каеда, го отфрли системот на претставничка демократија и политички партии и повика на создавање на исламска држава во Сирија.
– Ние како муслимани не веруваме ниту во политичките партии, ниту во парламентарните избори. Ние веруваме во исламско управување, што се заснова на Шурата и на правдата, изјави, Шеих Мохамед ал Џулани.
– Начин за примена на шеријатот е џихадот. Шеријатот го ослободува човекот од законите, создадени токму од него, додаде тој.