Лидер на евангелистичка црква во Мексико осуден на 16 години затвор за силување деца во Калифорнија

Од:

Насон Хоакин Гарсија, водачот на евангелската организација Светлото на светот, основана во Мексико, е осуден на 16 години и осум месеци затвор поради сексуална злоупотреба на три девојчиња во Калифорнија.

Педесет и тригодишниот Гарсија минатата недела призна вина за делата. Тој беше уапсен во Калифорнија во 2019 за дела што ги извршил меѓу 2015 и 2018 година. Тогаш, тој бил водач на Светлото на светот, меѓународна верска организација со седиште во Мексико и што тврди дека има пет милиони следбеници во светот.

Се верува дека водачот и уште двајца обвинети, кои исто така се изјаснија за виновни за сексуална злоупотреба на девојчиња, жртвите ги присилувале на сексуален однос, велејќи им оти „се противат на самиот Бог, доколку не ги исполнат желбите на Апостолот“, како што го нарекувале Гарсија.

Верскиот водач долго време ги негираше делата, но, на крајот се договори со Обвинителството за признавање вина за силување две малолетни лица и сексуално злоставување 15-годишно дете.

Пред да се соопшти пресудата во текот на вчерашниот ден, судијата Роналд Коен им се извини на жртвите и ја побара најголемата можна казна за злоставувачот.

– Рацете ми се врзани, но, светот ве слушна, изјави тој.

„Заслужувате засекогаш да останете во затвор, но, ниту тоа не е доволно“, смета една од жртвите во изјава прочитана на судењето, додека друга раскажува, „поради него ја изгубив верата … ме искористи мене, мојата невиност и вербата во Бог“.

И покрај мачните сведочења и фактот дека нивниот водач ги призна злосторствата, Светлото на светот јавно ја потврди поддршката за „Апостолот Исус Христос“, како што го нарекуваат.

Во соопштението објавено на Твитер, по изречената казна, организацијата го обвинува судот за „измислување“ на доказите против Гарсија и за ускратување на правото на чесно судење.

Според организацијата, тој „немал друг избор, освен да се согласи на спогодба“ и да признае вина, што е „најдобар начин да се заштити Црквата и своето семејство“.

„Нашата доверба во него не е ни најмалку уништена, познавајќи ги неговите чесност, однесување, работа“, пишува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ