Лидерот на сомалиското исламистичко движење Ал Шабаб, Закарија Исмаил Херси изјави дека ја напуштил бунтовничката група и оти се откажува од насилството.
Херси, кој беше шеф на разузнавањето на Ал Шабаб, побара помирување во Сомалија. САД за него имаа распишано награда од три милиони долафри, а тој во декември му се предаде на сомалиските власти.
Според некои аналитичари Херси побегнал од Ал Шабаб бидејќи стравувал за својот живот, откако се судрил со поддржувачите на Ахмер Годан, лидер на Ал Шабаб, убиен при американски воздушен напад минатата година.
Аминистрацијата на американскиоот претседател Барак Обама вети награда од 33 милиони долари за информации за седум лидери на Ал Шабаб, меѓу кои и Хераси.