Лицитирање со датумот за напад на Сирија

Од:

Жестоки судири помеѓу сириските владините сили и бунтовниците избија во петок во близина на Дамаск, на подрачјето на кое што тимот од инспектори на ОН, истражува дали е извршен хемиски напад.

Додека инспекторите ја завршуваат истрагата и се подготвуваат да ја напуштат Сирија, и да поднесат извештај до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, се погласни се воените труби кои ја најавуваат интервенцијата.

По одлуката на британскиот парламент да го отфрли предлогот на владата, за можна воена акција против режимот на Асад, соопштенијата на Германија и Италија дека нема да учествувааат во војната, Франција остана единствената европска држава која со САД е подготвена за интервенција без одобрение на Советот за безбедност на ОН.

-Секоја држава има право да учествува или не во некоја акција, изјави Оланд и додаде дека до среда 4-ти септември, би можел да започне воениот напад врз Сирија.

Израелските воени извори веруваат дека нападот ќе се случи викендов или по него.

Армијата на Израел веќе постави противракетна батерија, железна купола во близина на Тел Авив, во рамките на подготовките за можен напад на соседна Сирија и евентуална сириска одмазда против Израел.

Претседателот Обама иако се соочува со силен отпор на американските политички партии, сепак продолжува да работи на формирање на меѓународна коалиција за заедничка акција во Сирија.

Неговата администрација им даде на американските конгресмени нови докази дека сириската влада стои зад нападот со хемиско оружје, наведувајќи ја комуникацијата помеѓу сириските официјални лица и доказот за движењето на сириската војска во Дамаск пред нападот во кој што загинаа голем број лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија