Либериски пациент заболен од ебола со часови престојувал во болница во Далас без изолација

Од:

Либериски пациент заболен од ебола со часови престојувал во болница во Далас без изолација, а медицинските сестри, кои го лекувале со денови работеле без соодветна заштитна опрема и биле соочени со постојано менување на протоколот, соопшти најголемиот синдинат на медицински сестри во САД.

Сестрите биле прунидени со фластери до ги затвораат отворите на тенките униформи, додека се грижеле за пациентот, кој имал дијареа и повраќање, изјави Дебора Бергер од синдикатот на сестрите.

Сестрите од Тексашката презбитеријанска болница го лекувале Томас Ерик Данкан, првата личност во САД, на која и е дијагостицирана ебола и кој почина минатата недела.

Директорката на синдикатот на сестрите Роуз Ен Деморо изјави дека загриженост изразиле неколку сестри, но не сакаше да го прецизира нивниот број.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД