Либанскиот претседател го повика Хезболах да не учествува во борбите во Сирија

Од:

Либанскиот претседател Мишел Слејман го повика Хезболах да стави крај на учеството во борбите во Сирија, истакнувајќи дека таквата интервенција предизвикува тензии и во Либан.

Во интервју, објавено денеска во весникот „Ас Сафир“ Слејман предупредува дека ако Хезболахучествува и во борбите за Алепо тоа ќе предизвика зголемување на тензиите во Либан.

Хезболах имаше клучна улога на почетокот на јуни во борбата за градот Кусеир во Сирија. Движењето помогна на силите лојални на претседателот Башар ал Асад да ја вратат контролата врз градот.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе